Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје распишуваат Конкурс за оригиналнo прoзно дело за тинејџерска возраст.
Пријавените прозни дела (роман, новела, збирка раскази...) треба:
- да имаат наративна форма
- да имаат најмалку 50 А4 формат страни
- да бидат напишани комјутерски, со фонт 12 ( Times New Roman) и проред 1,0
- да бидат наменети за тинејџерска возраст
- да бидат напишани на македонски јазик
- да не биле досега објавувани
Особено внимание ќе биде посветено на дела што се забавни, достеливи, поучни, поттикнуваат креативност и критичко размислување. Целта на овој проект е креирање на можности за авторите што пишуваат литература за деца и млади, како и креирање на читачки навики кај младите преку содржини што ќе поттикнат љубопитност кај нив.
Текстовите треба да бидат испратени електронски најдоцна до 10 Април 2021 год. на следната е-мејл адреса:
За наградата ќе одлучува тричлена стручна комисија. Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до (10.06.2021). Tричлената комисија ќе додели една награда, а делото ќе биде публикувано.
Целта на овој конкурс е да се поттикне продукцијата на литература за деца и млади од оваа возраст.
