ЈУ Детскиот културен центар – „Карпош“ има потреба од осигурување на имот, службено возило и вработени во установата.
За таа цел објавува:
ОГЛАС
за прибирање на понуди на заинтересираните компании кои вршат дејност осигурување
Заинтересираните осигурителни компании потребно е да достават понуди за горенаведените ставки за осигурување најдоцна до 18.04.2023 година до 12 часот во архивата на институцијата (бул.Илинден бр.53 Скопје).
Огласот е објавен на ден 07.04.2023 година и трае 12 дена.
За подетални информации околу горенадените ставки заинтересираните може да се обратата на маил dkckarposfinansii@gmail.com или на тел.075/463-787 Катерина Ѓуровска и 02/3228-111.
Документите да се достават во архивата на институцијата во наведениот рок 18.04.2023 година до 12 часот.
Директор
д-р Билјана Лалчевска Серафимовска