ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ има потреба од ангажирање стручни лица за потребите на мултимедијалната секција.
За таа цел објавува:
ОГЛАС
за ангажирање лицa за потреби на мултимедијална секција
ЈУ. Детскиот културен центар - „Карпош“, ќе организира и реализира секција за мултимедијално творештво чија основна идеја на секцијата е да им овозможи на децата таленти да учат за музиката, без оптоварување и правила. Нашиот концепт го дизајнираме согласно одредена програма и за таа цел потребни се стручни лица за следниот ангажман:
- Работа со плагин autotune - (вокален ефект) и разни ефекти на глас
- Стручна едукација на работилници за снимање пратечки вокали во песни - (практичен пример)
- Едукација за креативни работилници
Огласот е објавен на 22.01.2025 година и трае до 28.01.2025 година.
Заиниресераните кандидати да ги поднесат потребните документи, биографија (CV) и мотивационо писмо, во просториите на ЈУ ДКЦ - „Карпош“.
За подетални информации може да се обратите на следните контакт телефони: 02 / 3228 – 111 и 075/463 - 787
