„ГО ГРАДАМ МОЈОТ ГРАД“ е креативно едукативна манифестација за предучилишните установи, се организира по повод 13 Ноември, денот на ослободувањето на град Скопје. Манифестација пат е одражна 1978 година и има цел да ги истакне детските творечки способности и креативност, а воедно и да ги запознае децата со големото значење на празникот 13 Ноември за градот Скопје.
Ќе можете да проследите како децата од градинките го гледаат својот град, преку нивните макети и модели, што ги создаваат со своите учителки.
Објектите што ги осмислуваат и ги „градат“ се по нивен избор, исто како и „градежниот материјал“, можат да употребуваат коцки, цртежи, боички, картон, природни материјали, лисја, дрвца, камчиња, зрнести продукти како што се леќата, оризот и зрна грав односно со еден збор: сé што нуди природата.