РАЗИГРАН ПЛОШТАД - Културни активности на отворено е проект кој започна во септември 2011 година, под покровителство на Град Скопје, а реализиран од Детски културен центар – „Карпош“.
Проектот има цел да ги заживее плоштадите, со музика, фолклор, ликовна уметност, музичка уметност и други активности наменети за децата, младината и граѓаните на Скопје.
Програмата ќе се одржува со цел да се афирмираат и промовираат активностите кои се дел од ДКЦ – „Карпош“, и за привлекување нови членови во секциите кои егзистираат во домот.
Во склоп на овие активности на отворено е и фото конкурс насловен како МОЈОТ МИЛЕНИК кој има цел да се гради позитивен однос кон секое живо суштество, особено кон милениците. Преку фото конкурсот, учесниците од основните училишта ќе имаат можност да ги претстават своите миленици со однапред утврдени критериуми во две категории.
Активностите на отворено се добар пример за промоција на се што егзистира во Центарот и преку овој тип на промоција ќе ја заинтересираме пошироката публика за сите активности кои ги работат нашите секции.
Исто така културните активности на отворено се од областа на културата и уметноста и се осмислени да бидат во вид на работилници, изведби, предавања, настапи каде ќе се покажат вештини, способности и креативност на децата учесници во истите.
Работилниците и сите останати активности се предвидени да се одржуваат на затворени улици, во различни делови на градот, како и други помалку афирмирани маала каде што децата ќе имаат можност да учествуваат.
Активностите ќе ги водат професионални едукатори од областа на културата и уметноста.