„АПРИЛИЈАДА“ е манифестација од ликовен и сценско забавен карактер што Детскиот културен центар - „Карпош“ со помош и поддршка на Град Скопје ја организира и спроведува секоја година на 1 април по повод денот на шегата, смеата и лагата, под мотото „Скопје се смее“.
Оваа манифестација прв пат е одржана во 2008 година.
Во рамките на манифестацијата се приредува изложба на детски шеговити цртежи, маски и карикатури.
Манифестацијата се одржува на плоштад Македонија и има два дела, детски дневен и вечерен за граѓаните на Скопје.
Се приредува пригодна културно забавна програма со познати учесници од естрадата и деца со песни од детските фестивали и претставување и наградување на најуспешните индивидуални и групни маски.