ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ секоја година традиционално ја организира манифестацијата „ЦРТАЊЕ НА АСФАЛТ“, наменета за децата од градинките во Скопје и околината.
Оваа манифестација е со традиција од 40 години, се одржува во месец мај и посветена е на денот на македонските просветители Св. Кирил и Методиј, едни од најзначајните личности во македонската историја.
Одбележувајќи го овој голем ден се сеќаваме на ликот и делото на браќа Кирил и Методиј, светите браќа просветители кои оставија голем аманет на идните генерации.
Големите македонски и сесловенски просветители браќата Кирил и Методиј се темел на писменоста кои со своeто големо дело за човештвото - просветителската мисија, се заслужни за културниот развој на словенските народи, одговорни за словенската писменост и литература.
ДКЦ „Карпош“ секоја година обезбедува материјали за цртање (креди во боја), пригодна програма, запознавање на децата кое е значењето и зошто се одбележува овој голем ден како празник. За учесниците има симболични награди и дипломи за градинките учеснички на манифестацијата.
Децата од предучилишните установи, градинките можат да ја изразат својата креативност со своите цртежи.