„СНЕЖЕН ГРАД“ е најмасовната детска манифестација од државен карактер што се одржува во втората половина на месец февруари.
Прв пат е одржана во 1969 година. Маниферстацијата е од сложен карактер, креативно - рекреативен и едукативен. Основна цел во оваа манифестација е правење снежни објекти и фигури.
Во минатото манофестацијата се одржувала на повеќе планински терени низ Македонија, повеќе од дваесетина години се одржуваше во Бунец - Маврово а последниве неколку години се одржува на Попова Шапка. „СНЕЖНИОТ ГРАД“ досега го граделе повеќе од 5000 градители, а го посетиле повеќе од 500000 посетители.
Учесници - градители на „СНЕЖНИОТ ГРАД“ се ученици од основни училишта од повеќе градови од Македонија. Сите тие се групирани по десетина деца во екипа со свој ментор и со потребните алатки градат своја скулптура и ја прикажуваат својата креативност и умешност. Децата кои учествуваат на манифестацијата користејќи ја својата фантазија, се вистински уметници кои си играат со снегот и го претвораат во објект кој што тие си го замислиле и секоја година прават впечатливи, уметнички скулптури.
Во рамките на манифестацијата се одржуваат и други активности од забавно - рекреативен карактер, избор на снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг, билијард, шах, училишна квизотека, пикадо, снежен крос, најслатка бонбона, снежно бинго, бал под маски и се разбира забава, танцување во дискотека за учесниците на „СНЕЖНИОТ ГРАД“.