Убавината со која плени Старата чаршија во Скопје, која е заштитен национален симбол, е една од причините поради која што е меѓу најпосетуваните локации во Скопје. Прошетката низ нејзините калдрмени улици е магија преку која и денес може да се почувствува минатото – духот на градот.
Старата скопска чаршија со трговскиот и културно-историски дел е една од најголемите знаменитости на градот.