МАНИФЕСТАЦИИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Град Скопје е составен дел од меѓународниот проект CreArt 3 (Network of Cities for Artistic Creation) - Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво) што претствува европска мрежа која обединува 13 градови од јавни и приватни културни институции.


На 7.10. 2025 година од 9:00 часот во просториите на ЈУ. Детски културен центар - Карпош беше организиран Локален семинар на тема - Значењето на креативните индустрии. Семинарот беше во организација и реализација на ЈУ. Детски културен центар Карпош во рамките на Европскиот проект CreArt, а главен покровител е Град Скопје.
Семинарот опфати панел-дискусии за значењето на креативните индустрии кои се клучен сегмент во современото општество. Во дискусијата се вклучија учесниците за тоа какво е влијанието на креативните индустрии врз пазарот на трудот, предизвиците со кои се соочуваат претприемачите во креативниот сектор, потенцијалот за развој преку соработка со јавни институции и локални заедници, како и ставање на фокус на иднината на креативните индустрии, преку призмата на дигитализацијата, младинската енергија и новите медиуми, најави директорката на Центарот, д-р Билјана Лалчевска Серафимовска.

                             Slika CreArt
Модератор на настанот беше м-р Бојана Јанева - кустос. Панелисти кои дискутираа во првата сесија на тема „Креативните индустрии – економски и општествен двигател“ беа:
- Мирјана Јосифоска – основачка на моден бренд Мирјана Јосифоска
- Теодор Тодоровски – Генерален директор на Првата македонска П2П Финтек платформа за инвестирање
- Елена Бојаџиева Цветковска – професор и креативен директор на УМПАКИ
- Ивана Каралиева Петреска - CEO на Бокси
Во втората сесија на тема „Иднината на креативните индустрии – млади, технологија и иновации“ дискутираа:
- Митко Апостолов - машински инженер
- Катерина Илијоска - еко активист и ко-основач на здружението Yess for Less
- Илија Тирицовски - креативен продуцент
- Крсто Златков – советник за кариера и личен развој и консултант за маркетинг и продажба на МСП и основач на првиот самостоен кариерен центар „I“

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација