ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

ТРИ ДЕЦЕНИИ „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“. Оваа година се прославува 30 годишен јубилеј на единствениот меѓународен детски фолклорен фестивал во државата.

ORO BEZ GRANICI 2021

Првиот меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ се реализираше во 1991 година по иницијатива на доајенот на македонскиот фолклор Тофе Дракулевски.

Од тогаш до ден денес повеќе од 80 држави учествуваат на фестивалот, со што „Oро без граници“ се етаблира во столб на македонската култура.

Детскиот културен центар - „Карпош“ со својот фолклорен ансамбл се домаќини на фестивалот, па со тоа тие ја водат целата организација а се поддржани од Град Скопје.

Фестивалот уште од самото формирање па сѐ до ден денес, е со ревијален карактер. Еден од главните и најсимболични моменти на фестивалот е дефилето на учесниците. Дефилето се движи од Детскиот културен центар - „Карпош“ до плоштадот во центарот на градот, каде што се формира најголемото оро, оро кое не познава граници, оро кое е симбол на пријателство меѓу децата.

Оваа година својот 30 годишен јубилеј, „Оро без граници“ го одбележува низ целата година со различни активности, меѓу кои и:

  • Ликовниот конкурс на тема „Оро без граници“ - симбол на пријателство меѓу децата,
  • Изложба на фотографии на тема „Деца во традиционални носии минато - сегашност“,
  • Ретроспективна фото галерија „Три децении Оро без граници“,
  • Проекција на интервју со основоположникот на „Оро без граници“ г-дин Тофе Дракулевски,
  • Промоција на каталог посветен на „Оро без граници“.

Фестивалот ќе се заокружи со две фестивалски вечери на 16 и 17.9.2021 година во Куршумли Ан.

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Оро без граници


 

МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ - „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“, историја

ORO BEZ GRANICI B T 400x300Манифестацијата „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ е меѓународен детски фолклорен фестивал, прв пат одржан во 1991 година.

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Оро без граници

Традиционално се одржува во рамките на „ДЕТСКАТА НЕДЕЛА“ кон крајот на септември и почетокот на октомври под мотото „ДЕНЕШНОТО ПОЗНАНСТВО, УТРЕШНО ПРИЈАТЕЛСТВО“.

Фестивалот се состои од фестивалското фолклорно дефиле по улиците на градот Скопје и два концерта за отворање и затворање на Фестивалот, и други пропратни концерти во основните училишта и општини во Скопје. Учествуваат неколку ансамбли од странство (5-10) и десетина македонски ансамбли.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација