Меѓународен детски фолклорен фестивал, прв пат одржан 1991 година. Традиционално се одржува во рамките на Детската недела кон крајот на септември и почетокот на октомври и трае 5 дена под мотото „Денешното познанство утрешно пријателство“.
Фестивалот се состои од Фолклорно дефиле и два концерта за отворање и затворање на Фестивалот, и други пропратни концерти по основните училишта и општини низ Скопје. Учествуваат 5-6 странски ансамбли и десетина домашни.
Детскиот културен центар - „Карпош“ годинава по 22 пат го организира и реализира најмасовниот и најстариот Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“, кој ќе се одржи од 2.10 до 6.10.2013 година.
Во досегашново одржување на фестивалот градот Скопје и Македонија биле домаќини на повеќе илјади странски и исто толку домашни деца-фолклорци. Гости оваа година се групи од: Босна и Херцеговина, Србија, Украина, Русија, Словенија, Турција и 10 домашни ансамбли.
Според фестивалската Програма, на 3.10.2013 година (четврток) во 17:00 часот е предвидена фолклорна литургија во храмот Св. „Климент Охридски“. Во 18:00 часот пред храмот Св. „Климент Охридски“, Градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски ќе го отвори фестивалот, а потоа во 19:00 часот од платото пред храмот поаѓа ФОЛКОРНОТО ДЕФИЛЕ во правец на „Мекдоналдс“, семафорите на ул. “Македонија”.
Фолклорното дефиле ќе се движи кон плоштадот „Македонија“, ќе помине под „Триумфалната капија“ и групата продолжува кон „Камени мост“, каде што во 19:00 часот ќе започне Фестивалскиот концерт.
Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ 2013 ...
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: Оро без граници