РИТАМОТ НА ЧАРШИЈАТА

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Во Старата скопска чаршија од 17-ти до 19-ти јуни ЈУ. Детски културен центар – Карпош со поддршка на Град Скопје по втор пат ја реализираше манифестација „Ритамот на чаршијата“.


Старата скопска чаршија е најголемата чаршија на Балканот која претставува заштитен национален симбол и една од најголемите атракции на Скопје. Целта на Ритамот на чаршијата е да ја заживее чаршијата од еден поинаквов агол, во духот на ритамот.
Чаршијата плени со мали дуќанчиња, занаетчиски објекти, верски објекти, чајџилници, ресторани, музеи и амами кои се само дел од обликуваноста на просторот и времето од убавината на Старата чаршија во Скопје и затоа таа е една која што е меѓу најпосетуваните локации од страна на туристите и локалните жители. Самата прошетка низ нејзините калдрмени улици е магија преку која овде сè уште може да се почувствува минатото – духот на градот. Чаршијата сѐ уште живее во духот на традицијата, во себе криејќи приказни за едно минато кое и денес оставило белег.

Ritamot na carsijata

Оваа година се популаризираа објектите Сули Ан и Музеј на македонската борба. Публиката на 17.06 од 19.00 часот во Сули Ан го почуствува ритамот на чаршијата преку чалгиската музика на Тимчо Чичаковски-трио, а на 19.06 од 19:00 часот со свој концерт на пијано се претстави Јован Станковиќ, млад талентиран ученик во ДМБУЦ Илија Николовски Луј во класата на проф. Весна Ангелова Христов. Специјален гостин на концертот беше Никола Соколовски на кларинет.
И оваа година во Сули Ан и Музеј на македонската борба се почувствува ритамот преку концерти од сите жанрови.

„РИТАМОТ НА ЧАРШИЈАТА“, историја

RITAM CARSIJA 400x300Убавината со која плени Старата чаршија во Скопје, која е заштитен национален симбол, е една од причините поради која што е меѓу најпосетуваните локации во Скопје.

Прошетката низ нејзините калдрмени улици е магија преку која и денес може да се почувствува минатото – духот на градот.

 

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)