„Оро без граници“ 2022, 31-от Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ – симбол на пријателство меѓу децата.
На фестивалот беа поканети и земаа учество гости од Србија – Крушевац, како и македонскиот ансамбли: фолклорната секција од ДКЦ „Карпош“, „Сушевски бисери“, „Србски вез“ од Куманово, „Ефрем Каранов“ од Кратово, „Енум Дураку“ и фолклорното друштво „Блажевски“ од Тетово.
Децата играорци преку шаренолкоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ја претставија традицијата и културата на нашата држава и по 31 пат формираа едно големо „Оро без граници 2022“.
Централниот настан се одржа на 17 септемви (сабота) во домот на АРМ од 19.00 часот. а фестивалот го отвори директорката на ДКЦ „Карпош“ , д-р Билјана Лалчевска Серафимовска.
На огромно задоволство на Детскиот културен центар „Карпош“, имаше многубројна публика, љубители на орото и песната кои беа присутни на централниот настан.
Главен покровител на оваа манифестација е Градот Скопје.
Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ 2022 ...
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: Оро без граници