Како дел од богатата културна понуда во градот во рамките на кандидатурата за Скопје - Европска престолнина на културата 2028, годинава, по 32-ри пат се реализираше Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“.
ЈУ. Детскиот културен центар - „Карпош “ како организатор и домаќин на осум ансамбли, под покровителство на Град Скопје, од 15 до 17 септември 2023 година го организираше „Оро без граници“ 2023, фестивал кој претставува симбол на пријателствoто меѓу децата.
Гостите во текот на фестивалот имаа можност да ги посетат културните знаменитости и сите убавини на Скопје: Зоолошката градина, музеите, театри, Турската чаршија.
На 16 септември од 19:00 часот во Градски парк на Школка се одржа Централниот настан, а фестивалот го отвори директорката на ДКЦ „Карпош“ , д-р Билјана Лалчевска Серафимовска. Но, фестивалот започна од портите на ДКЦ Карпош со дефиле на учесниците, кое се движеше до Градски парк, каде што се формираше најголемото оро, оро кое не познава граници.
На огромно задоволство на Детскиот културен центар „Карпош“, имаше многубројна публика. Љубители на орото и песната кои беа присутни на централниот настан уживаа во играта на децата, кои преку шаренолкоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ја претставија традицијата и културата на нашата држава.
ДКЦ Карпош со фолклорната секција ќе продолжи да го негува овој фестивал на народните песни и ора, со цел за зачувување на изворниот мелос. Фестивалот ја покажува убавината и значењето на фолклорот, на орото и ги инспирира младите да ја продолжуваат традицијата долга 32 години..
Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ 2023 ...
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: Оро без граници