ДВИЖИ СЕ ЗА ЗДРАВЈЕ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Детскиот културен центар „Карпош“ ја организираше традиционалната манифестација„Движи се за здравје“, настан кој е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.

 

Манифестацијата „Движи се за здравје“ се одржа на 21.09.2023 година во Градскиот парк–фонтана „Лотосов цвет“ со почеток во 10 часот, со децата од предучилишните установи. Децата имаа можност преку вежбањето и вештото поминување на поставените полигони, возењето велосипед, тротинет и другите спортски активности да го развијат спортскиот дух и да научат секојдневно да практикуваат спортски активности.

 

DVIZI SE ZA ZDRAVJE NASLOVNA 2023

 

Целта на овие активности е да ги поттикне децата уште од најмала возраст правилно да растат и да се развиваат и да ги подобруваат моторичките способности, но и да стекнат здрави навики за редовно спортување.

Манифестацијата „Движи се за здравје“ се одржува во рамките на Европската недела на движењето која се одвива од 16.09. до 22.09.2023 година.

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

ДВИЖИ СЕ ЗА ЗДРАВЈЕ, историја

DVIZI SE ZA ZDRAVJE 400X300 TМанифестацијата „ДВИЖИ СЕ ЗА ЗДРАВЈЕ“ традиционално се одржува во склоп на „Европската недела на движењето“ од 16 до 22 септември секоја година.

Целта на оваа манифестација е да се потсетиме кога вежбањето беше забавно.

Тоа може повторно да биде така доколку ни се придружите нам и на милион останати низ Европа во „НЕДЕЛАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ“.

Низ целата „недела на движењето“ ќе ја откриете чистата забава во трчањето, скокањето, качувањето и танцувањето додека сите сме активни заедно.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација