ЈУ. Детскиот културен центар „Карпош“ традиционално и оваа година го прослави празникот 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје со манифестацијата „Го градам мојот град“ на која учесници беа децата од предучилишните установи од Скопје.

Манифестацијата „Го градам мојот град“ има за цел да ги истакне детските творечки способности и детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата со денот 13 Ноември и неговото значење. На овој ден, децата од скопските градинки, по свој избор, од различни природни и други материјали изработија објект - макета на значајно обележје на Скопје. Токму затоа постои манифестацијата „Го градам мојот град (Скопје)“ која ги поттикнува најмладите да го сакаат и чуваат својот град.
Манифестацијата се одржа во просториите на ЈУ Детски културен центар „Карпош“ на 13 ноември 2025 година од 10:00 до 11:00 часот.
Манифестацијата „ГО ГРАДАМ МОЈОТ ГРАД“ е креативно едукативна манифестација за предучилишните установи, се организира по повод 13 Ноември, денот на ослободувањето на град Скопје.
