Во Големата сала на ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ на 05.10.2024 година од 09:00 часот по шести пат се реализираше „Инструментите на моите предци“ – натпревар кој е под покровителство на Град Скопје.
Натпреварот на изворни и класични инструменти е наменет за деца и млади од 10 до 21 години. Децата учесници преку овој натпревар, преку магијата на звукот на гајда, хармоника, тамбура, кавал, кларинет, тапан не носат во различни предели и региони од државата.
Натпреварот беше поделен во две посебни дисциплини:
- Изворни инструменти и состави
- Класични инструменти и состави
На натпреварот беа пријавени 26 натпреварувачи кои беа поделени во пет категории, а учесниците беа на возраст од 12 до 21 година. На победниците во сите категории им беа доделени дипломи за учество, а жирито едногласно одлучи оваа година гран при награда да ја понесе Дуо- Дамјан и Стефан Јакимовски.
ДКЦ – Карпош со овој натпревар на изворни и класични инструменти уште еднаш покажа дека кај децата и младите сеуште има желба и љубов за изучување на народни изворни инструменти, а со таа желба и љубов се продолжува традицијата од нашите предци и се остава аманет за идните поколенија.
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: Инструментите на моите предци