ЈУ ДКЦ - „Карпош“ во соработка со град Скопје и министерството за култура на Р. Македонија и годинава по 24 пат го организира и реализира најмасовниот Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ 2015 годинава се одржува од 30.9 до 3.10.2015 година и на него учество ќе земат детски фолклорни ансамбли од Грузија, Турција, Србија и пет македонски ансамбли.

Ве известуваме дека на 1.10.2015 година (четврток) во 17:00 часот на платото кај споменикот на Гоце Делчев во Градски парк ќе биде свеченото отворање на Фестивалот „Оро без граници“ 2015, кој ќе го отвори Градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски.

По отворање на фестивалот следи програмата, настап на сите групи, странски и домачни, учеснички на фестивалот.

ORO BEZ GRANICI 2015

На 2.10.2015 година (петок) исто така во 17:00 часот на истото место ќе биде и затворањето на фестивалот со настап на гостите и на домашните фолклорни ансамбли.

 

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ