Детскиот културен центар - „Карпош" и градот Скопје по втор пат се организатори на ПРВЕНСТВОТО НА СКОПЈЕ ВО ШАХ ЗА МЛАДИ.
Првенството ќе се одржи на 26.10.2017 год. (четврток) со почеток во 10 часот.
ПРОПОЗИЦИИ:
Првенството се игра во три категории:
- Првенство на Скопје за ученици од I до V одделение од основните училишта,
- Првенство на Скопје за ученици од VI до IX одделение од основните училишта,
- Првенство на Скопје за ученици од средните училишта.
Турнирите се играат по швајцарски систем од 9 кола. Темпо на игра е 10' + 05" по играч (10 мин. со додаток од 05 сек. за секој одигран потег).
Натпреварите ќе ги водат шаховски судии,одговорни за регуларноста и правилата, од Шаховската федерација на Македонија и Шаховскиот сојуз на Град Скопје.
Најдобрите на трите турнири ќе бидат наградени со:
- место: таблет, пехар, медал, диплома
- место: медал, диплома
- место: медал, диплома
Специјални награди за најдобро пласираните девојчиња на трите турнири.
Покрај награди за учениците ќе бидат доделени и три награди (таблети) за менторите на учениците кои ќе ги освојат првите места на трите турнири.
Шахот има за цел да ја развие мислата и концентрацијата на децата и овој спорт делува на психичкиот развој на нашите најмлади. .