ТРЕМОЛО

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Треперење, брзо и повеќекратно повторување на ист тон... Ова е значењето на зборот „тремоло“, кој познавачите на инструменталната музика добро го знаат. Така е насловен и меѓународниот фестивал за класична гитара, единствениот од ваков тип кај нас ...

Откако пред 11 години во Католичката црква во Скопје прозвуче гитарата на виртуозот Герхард Рајхенбах од Германија, кога беа поставени темелите на меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“, овој фестивал и натпреварот станаа референтна точка за сите вљубеници во класичната гитара.

Тоа беше првпат во Скопје да се одржува интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории. Натпреварите се одржуваа во просториите на Детскиот културен центар - „Карпош“, а членови на жирито секогаш биле проучуени гитаристи од светот и од Македонија. Покрај вредните награди, во рамки на фестивалот се одржуваат солистички концерти за класична гитара и мастер-класови, а како централен настан е натпреварот на кој учествуваат талентирани млади луѓе.

Овој фестивал е прв посветен на уметноста на класичната гитара во нашата земја. Низ годините, прерасна во престижна културна манифестација што ги обединува љубителите на класичната гитара. Детскиот културен центар - „Карпош“ има долга и богата традиција во однос на организација на многубројни културни настани и манифестации, за кои сведочат многубројни признанија и награди, а со овој фестивал, кој е поддржан и од градот Скопје, ја збогатија домашната културна сцена.

Во текот на изминатите години многу еминентни солисти и педагози, светски познати уметници од областа на класичната гитара, придонесоа овој фестивал да стане препознатлив со својата уникатност. Секое издание од овој фестивал е своја приказна, инспирaција за младите генерации во нивната културна формација. Со успешната реализација на фестивалот „Тремоло“ Детскиот културен центар - „Карпош“ учествува во развојот на овој тип на уметност во нашата земја. Успехот, е начин на мислење и навика и тој доаѓа кога раката, срцето и мозокот работат заедно! Ние силно веруваме во светлата иднина на фестивалот - порачуваат организаторите. Со успешна реализација на фестивалот „Тремоло“, Детскиот културен центар - Карпош дава голем стимул и поддршка за развој и промоција на овој вид на уметност во земјата.

Годинава, меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“ го реализира своето 11-то издание, овој пат во виртуелна форма поради пандемијата на коронавирусот, а ќе се одржува од 29 октомври до 7 ноември.

Главната награда за победникот изнесува 1500 евра и концерт на фестивалот во 2021 година. Организатор е Детскиот културен центар - „Карпош“, со поддршка на Град Скопје.

TREMOLO 2020

На задоволство на публиката и годинава ќе се одржат три концерти, како и традиционалниот интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, и мастер часови.

Најавено е учетство на многу гости од странство:

  • Мигел Трапага од Шпанија - во моментов професор на Кралскиот музички конзерваториум во Мадрид,
  • Момчило (Мома) Александриќ од Србија - класичен гитарист што прави спој на класична гитара со истражувања од областа на музичката теорија,
  • Морана Пешутиќ и Томислав Васиљ од Хрватска, членови на дуото за гитарa „Coulé„ што го промовира репертоарот на две гитари.

Овие изведувачи ќе одржат солистички концерти во рамките на годинашното издание на „Тремоло“.

Членови на интернационалното жири се:

  • Герхард Рајхенбах од Германија - еден од водечките европски виртуози на гитара, кој настапува во престижни концертни хали како Берлинската филхармонија и Меѓународната куќа на музиката во Москва;
  • Стела Митева - Динкова од Бугарија - гитаристка која што за време на своите настапи на фестивали низ Европа, Америка, и Африка ги промовира новите дела на бугарските композитори;
  • Мак Гргич од Словенија/САД - ѕвезда на светската сцена, кој „Њујорк тајмс“ го нарече „надарен млад гитарист“, а „Вашингтон пост“ му предвиде ветувачка иднина;
  • Николај Михајлов од Бугарија - основач и уметнички директор на Меѓународниот фестивал за гитара во Плевен;
  • Џевдет Сахатџија од Хрватска/Косово - професор што им предавал на бројни генерации млади гитаристи, денес познати уметници и учители по музика;
  • Зоран Аниќ од Србија - основач на Здружението на класични гитаристи на Србија и Здружението на класични гитаристи на Југоисточна Европа (АСЕГ) и основач и директор на Гитара опен фестивал и Зимска музичка академија во Суботица.

Од македонска страна во жирито членуваат:

  • Дарко Багески - нашиот познат гитарист, кој моментално работи како редовен професор на Факултетот за музичка уметност, уметнички директор на „Тремоло“, основач е на Летната академија за гитара во Охрид и претседател на македонската заедница за класична гитара;
  • Борче Наумоски - доцент на Факултетот за музичка уметност, кој ги предава предметите гитара, камерна музика и литература за гитара, а предава и како професор по гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“
  • Љубомир Наќевски - професор по класична гитара во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, чии ученици активно учествуваат на фестивалите во регионот и се добитници на државни и меѓународни награди.

Во рамки на годинашното издание на фестивалот „Тремоло“ ќе се одржат и три солистички концерти.

  • Првиот е на 29 октомври во 19:00 часот на Мигел Трапага (Шпанија), кој студирал на познатиот Конзерваториумот Атаулфо Архента (Сантандер) и на Кралскиот музички конзерваториум во Мадрид, каде денес е професор. Одржува мастер - часови во Шпанија и во странство.
  • На 1 ноември, исто така во 19:00 часот, концерт ќе одржи хрватското дуо за гитарa „Coulé“, кое го сочинуваат: Морана Пешутиќ и Томислав Васиљ. Дуото е формирано во 2014 година со желба да го промовира репертоарот на две гитари и да го популаризира гитарскиот состав - дуо, кој слабо е претставен во Хрватска. Дуото има постигнато значајни настапи на музичката сцена.
  • На концертот на 4 ноември, пак, ќе настапи Момчило Мома Александриќ, класичен гитарист од Србија, кој откако во 2018 година ја освоил првата награда на престижниот Меѓународен натпревар за гитара Хонг Конг Алтамира, Мома добива покани и одржува концерти, предавања и мастер-класови насекаде низ светот. Познат е како гитарист што ги спојува изведбите на класична гитара со истражувања од областа на музичката теорија и музикологијата.

 

Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ТРЕМОЛО“ 2020 ...

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 ТРЕМОЛО

Веб страна на ТРЕМОЛО.


 

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ЗА КЛАСИЧНА ГИТАРА - „ТРЕМОЛО“, историја

LOGO TREMOLO 400x300Треперење, брзо и повеќекратно повторување на ист тон...

Ова е значењето на зборот „тремоло“, кој познавачите на инструменталната музика добро го знаат.

Така е насловен и Меѓународниот фестивал за класична гитара, единствениот од ваков тип кај нас.

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Тремоло

или на веб страната на ТРЕМОЛО.

Mеѓународниот фестивал за класична гитара и натпревар „ТРЕМОЛО“, за прв пат одржан во ноември 2010 година. Се одржува во почетокот на месец јуни и трае три до четири дена.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација