Од 9 до 11 октомври, 2014, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе го организираат меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“ - П.С. „Гитар фест“. По 5 пат во Скопје и Македонија ќе се одржи и меѓународен натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории и мастер часови.

Членови на жирито се светски прочуените гитаристи:
- Дарко Багески - Македонија,
 - Морана Пешутиќ - Хрватска,
 - Срѓан Тошиќ - Србија,
 - Столина Добрева - Бугарија,
 - Борче Наумовски - Македонија и
 - Саша Дејановиќ - Хрватска..
 
За победниците се предвидени вредни награди, а на задоволство на скопската публика ќе се одржат три концерти во „Културно информативниот центар“ - Салон 19/19 на 9, 10 и 11 октомври со почеток во 20:00 часот.
Влезот е бесплатен .
ПРОГРАМА
9 октомври 2014
Саша Дејановиќ - Хрватска
„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот
10 октомври 2014
Бојан Дојчев - Бугарија
„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот
11 октомври 2014
Концерт на победници по сите категории на „ТРЕМОЛО 2014“.
„КИЦ“ Салон 19/19 од 20:00 часот
Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ТРЕМОЛО“ 2014 ...
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  
 ТРЕМОЛО


																															
					
Треперење, брзо и повеќекратно повторување на ист тон...
