Во ЈУ. Детски културен центар - Карпош на 3 јули 2025 година во 11:00 часот започна со реализација и незаборавна промоција на едукативниот книжевен проект насловен како „ЗОО приказни“. Со нови раскази преточени во анимиран филм за животните кои се жители на Зоолошката градина-Скопје се промовираше мултимедијалниот проект „Зоо приказни“ на кој главен покровител е Град Скопје.
Целта на овој книжевен едукативен проект е најмладата публика преку приказни освен што ги запознаваат животните и нивните живеалишта исто така да се едуцираат и за културата на однесување во Зоолошката градина, како и начинот на исхрана на истите.
На наше големо задоволство, но и на големо задоволство за најмладата публика, промоцијата на приказните за животните се реализираше успешно. Преку едукативни приказни, кои содржат моќни пораки, како што се љубопитност, доверба и различност, децата се едуцираа за животните за кои беа наменети приказните односно во какви услови живеат и од кој континент се пристигнати.
Искрено веруваме дека со презентирање на овој мултимедијален проект ќе ја подигнеме свеста кај најмалите, а воедно и кај сите посетители на Зоолошката градина и дека повторно предизвикавме радост кај најмладата публика.