ЈАВНИ ПОВИЦИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, го организираат меѓународен фестивал и натпревар за класична гитара „Тремоло“ - 2025.
За таа цел се бара лице со соодветно стручно искуство од оваа област за следната позиција за која ќе биде ангажиран/а со авторски договор.


• Уметнички директор на фестивалот 1 (еден)

Уметничкиот директор има задача:
- Да пронајде и предложи значајни гитаристи - педагози од Европа и Р.С. Македонија за концерти, работилници и мастер часови;
- Да пронајде и предложи стручни соработници за реализација на активностите;
- Да го утврди годишниот термин и времетраење на одржување на Меѓународниот фестивал и натпревар за класична гитара „Тремоло“ - 2025,
- Да подготви програмски активности и нивна реализација,
- Да даде придонес за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на Меѓународен фестивал и натпреавар за класична гитара „Тремоло“ - 2025.

Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија за учество во реализација на сценско - музички настани, мотивациско писмо како и предлог програма и активности за „Тремоло“ 2025 и предлози на значајни гитаристи, педагози и стручни соработници.

Јавниот повик е даден на 16.04.2025 година и трае до 24.04.2025 година, 9 дена од денот на објавувањето.

Контакт телефон: 02 / 3228 – 111

Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следниот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com

Податоците за манифестацијата од изминатите години може да ги најдете на ВЕБ страната на ДКЦ - „Карпош“ и ВЕБ страната на „Тремоло“.

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација