ЈАВНИ ПОВИЦИ
АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

На 1 април 2026 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе ја организираат и ќе ја реализираат музичко - забавната манифестација „Априлијада“.

За таа цел ЈУ.Детски културен центар – Карпош бара лице со соодветно стручно искуство во реализација на детски музичко – забавни манифестации за следната позиција за која ќе биде ангажиран со авторски договор.

 

  • ПРОЕКТ КООРДИНАТОР: 1 (еден)

 

Проект координаторот има задача и обврска да направи предлог концепт за целокупниот тек на маниофестацијата „Априлијадa, да пронајде и предложи: водител, танцови студија, музички детски изведувачи, кловнови, маскоти, пантомимичари, жонглери и други стручни лица кои ќе помогнат во реализација на оваа голема манифестација.                                                                                                   Проект координаторот треба да придонесе за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.

Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија за учество во реализација на музичко – забавна манифестација, мотивациско писмо / пријава (зошто се пријавува на повикот) и предлог активности концепт на целокупната манифестација.

Јавниот повик е даден на 23.02 и трае до 03.03. 2026 година и трае 8 дена од денот на објавувањето.

Контакт телефон: 02/ 3228 111

 

 

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

 

Локација