ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ има потреба од ангажирање стручни лица за потребите на мултимедијалната секција.
За таа цел објавува:
ОГЛАС
за ангажирање лицa за потреби на мултимедијална секција
ЈУ. Детскиот културен центар - „Карпош“, ќе организира и реализира секција за мултимедијално творештво чија основна идеја на секцијата е да им овозможи на децата таленти да учат за музиката, без оптоварување и правила. Нашиот концепт го дизајнираме согласно одредена програма и за таа цел потребни се стручни лица за следниот ангажман:
- Правење подкасти за youtube - подготовка на текстови на зададени теми
- Компонирање детска песна – креативни работилници
- Правење на видео запис на Хрома
- Пишување на текстови за реклами
Секцијата ќе се одржува со избрани стипендирани членови од ЈУ ДКЦ - Карпош.
Огласот е објавен на 10.02.2023 година и сите заиниресерани кандидати да дојдат на ден 21.02.2023 година на средба со координаторот на мултимедијалната секција во просториите на ЈУ. ДКЦ - „Карпош“ ( сутерен) во 18.30 часот.
Секој заинтересиран кандидат со себе да донесе портфолио за својата работа и претходен ангажман.
За подетални информации може да се обратите на следните контакт телефони: 02 / 3228 – 111 и 075/463 - 787
