Убавината со која плени Старата чаршија во Скопје која е заштитен национален симбол е една од причините поради која што е меѓу најпосетуваните локации во Скопје. Самата прошетка низ нејзините калдрмени улици е магија преку која и денес може да се почувствува минатото – духот на градот.
Старата скопска чаршија со трговскиот и културно-историски дел е една од најголемите знаменитости на градот.
Со цел уште повеќе да се заживее чаршијата и да ги популаризира објектите во неа, ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ со поддршка од Град Скопје ќе започне со нов проект - „Ритамот на чаршијата“ кој оваа година има за цел да ги популаризраат Куршумли Ан и Чифте Амам.