По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, кој оваа година слави 80 години од ослободувањето, ЈУ. Детскиот културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално ја организираше манифестацијата „Го градам мојот град“ на која учесници беа децата од 15 предучилишни установи од Скопје.
Манифестацијата „Го градам мојот град“ има за цел да ги истакне детските творечки способности и детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата со денот 13 Ноември и неговото значење. На овој ден, децата од скопските градинки од различни природни и други материјали по свој избор направија објекти - макета со значајно објекти - обележја на Скопје. На макетите кои беа изработени со многу креативност и фантазија, можеа да се видат, реката Вардар, Водно, Камениот мост и уште многу други објекти кои го красат Скопје.
Манифестацијата се одржа во просториите на ЈУ Детски културен центар „Карпош“ на 13 ноември 2024 година од 10:00 до 11:00 часот.
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: Оро без граници