ИГРАМ И ПЕАМ ЗА МОЈАТА МАЈКА

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Во ЈУ. Детскиот културен центар-„Карпош“ беше отворена изложба на цртежи и честитки изработени од најмалите, децата од предучилишните установи од Скопје. Оваа година творбите беа под мото - Љубов и насмевка за сите жени.

 

Изложбата се одржа по повод празникот 8 Март - Меѓународен ден на жената и е дел од музичко креативниот настан „Играм и пеам за мојата мајка“.

На наша покана, од градинките пристигнаа прекрасни ликовни творби кои ги изработија најмалите, децата од скопските градинки. Преку нивните творби (честитките и цртежите) се рефлектираа нивните чисти и нежни чувства, а исто така може да се види колку далеку одат детската креативност и фантазија, но и како тие си ја замислуваат својата мајка-жената и која е нејзината улога во нивниот живот.

Покрај изложбата за децата од градинките беше организирана и пригодна програма. Оваа година гостинка во ДКЦ-Карпош беше Ива Матиќ, единствената жена - пилот на воен авион, а сега пилот на авион од комерцијален тип на компанијата Wizz Air. Ива одговараше на многуте прашања поврзани со нејзината професија, но исто така им објасни на децата како се управува со авион и дека секоја жена може да биде успешна во било која професија за која ќе се определи.

Изложбата беше отворена во просториите на ДКЦ „Карпош“ на 07.03.2025 година со почеток во 10:00 часот.

25 Igram i peam

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

ИГРАМ И ПЕАМ ЗА МОЈАТА МАЈКА, музичко - креативен настан

ZA MOJATA MAJKA 40x300 ИГРАМ И ПЕАМ ЗА МОЈАТА МАЈКА е музичко - креативен настан, што Детскиот културен центар - „Карпош“ со помош и поддршка на Град Скопје традиционално го организира и реализира по повод на меѓународниот ден на жената - 8 март.

Преку танц, музика, цртање, сликање и литературно творење секоја година се одбележува овој празник.

Секоја година се организира традиционалната изложба на деца од предучилишните установи на тема „Цртам за мојата мајка“.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)