ТРЕМОЛО

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

ЈУ. Детскиот културен центар „Карпош" под покровителство на Град Скопје успешно го организираше и реализираше 15-то јубилејно издание на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло" 2024.


Фестивалот „Тремоло“ е културен настан кој ги обединува љубителите на класичната гитара, студентите и професорите од Скопје, од државата, но и од светот. Во текот на изминатите 15 години овој единствен фестивал во нашата земја, прерасна во престижен културен настан кој сведочи за присуството и појавата на сé поголем број светски познати уметници специјализирани за класична гитара.

sl.TremoloTekst

Оваа година на Фестивалот по класична гитара „ТРЕМОЛО“, скопската публика имаше можност да ужива во три концертни вечери на кои настапија домашни и странски светски познати гитаристи.
Првиот концерт се одржа на 28 октомври во Музејот на македонската борба од 19.00 часот на кој настапија млади класични гитаристи. На 29 октомври од 19:30 часот во „Национална филхармонија“ се случи вистински музички спектакл со настапот на гостите од Шпанија - триото El Sonido De La Vida, каде како главен гостин настапи познатиот шпански гитарист Carlos Sancez кој со својата изведба и со настапот на танцот – Фламенко, кој го изведе Lucia Serrano ја кренаа на нозе публиката во „Национална филхармонија. На овој незаборавен концерт бевме почестени со присуство на гости - Абасадори од неколку странски Амбасади во нашата држава. Концертот го отворија Директорката на ДКЦ Карпош, д-р Билјана Лалчевска Серафимовска и Амбасадорот на Кралството Шпанија Рафаел Сориано Ортиз (Rafael Soriano Ortiz). Третиот концерт се одржа на 30 октомври од 19:00 часот исто така во Музејот на македонската борба на кој настапија Jimmy Liu (Shih-yu Liu) од Tајван и младата гитаристка Cassie Martin од Франција.
Со богатиот избор и со изведби на одлични концерти изведени од познати светски класични гитаристи во текот на изминатите 15 години, ДКЦ Карпош со голем број еминентни гости, солисти, педагози и светски познати уметници од областа на класичната гитара, придонесе овој фестивал да стане традиционален кој е препознатлив со својата уникатност.
Покрај трите концертни вечери, во текот на овој музички фестивал се одржаа и мастер часови од областа на класичната гитара и фламенко.
Скопје, октомври 2024 година

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ЗА КЛАСИЧНА ГИТАРА - „ТРЕМОЛО“, историја

LOGO TREMOLO 400x300Треперење, брзо и повеќекратно повторување на ист тон...

Ова е значењето на зборот „тремоло“, кој познавачите на инструменталната музика добро го знаат.

Така е насловен и Меѓународниот фестивал за класична гитара, единствениот од ваков тип кај нас.

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Тремоло

или на веб страната на ТРЕМОЛО.

Mеѓународниот фестивал за класична гитара и натпревар „ТРЕМОЛО“, за прв пат одржан во ноември 2010 година. Се одржува во почетокот на месец јуни и трае три до четири дена.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)