ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Меѓународен детски фолклорен фестивал, прв пат одржан 1991 година. Традиционално се одржува во рамките на Детската недела кон крајот на септември и почетокот на октомври и трае 5 дена под мотото „Денешното познанство утрешно пријателство“.

Фестивалот се состои од Фолклорно дефиле и два концерта за отворање и затворање на Фестивалот, и други пропратни концерти по основните училишта и општини низ Скопје. Учествуваат 5-6 странски ансамбли и десетина домашни.

Детскиот културен центар - „Карпош“ годинава по 22 пат го организира и реализира најмасовниот и најстариот Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“, кој ќе се одржи од 2.10 до 6.10.2013 година.

Во досегашново одржување на фестивалот градот Скопје и Македонија биле домаќини на повеќе илјади странски и исто толку домашни деца-фолклорци. Гости оваа година се групи од: Босна и Херцеговина, Србија, Украина, Русија, Словенија, Турција и 10 домашни ансамбли.

Според фестивалската Програма, на 3.10.2013 година (четврток) во 17:00 часот е предвидена фолклорна литургија во храмот Св. „Климент Охридски“. Во 18:00 часот пред храмот Св. „Климент Охридски“, Градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски ќе го отвори фестивалот, а потоа во 19:00 часот од платото пред храмот поаѓа ФОЛКОРНОТО ДЕФИЛЕ во правец на „Мекдоналдс“, семафорите на ул. “Македонија”.

Фолклорното дефиле ќе се движи кон плоштадот „Македонија“, ќе помине под „Триумфалната капија“ и групата продолжува кон „Камени мост“, каде што во 19:00 часот ќе започне Фестивалскиот концерт.

ORO BEZ GRANICI 2013

Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ 2013 ...

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Оро без граници


 

МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ - „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“, историја

ORO BEZ GRANICI B T 400x300Манифестацијата „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ е меѓународен детски фолклорен фестивал, прв пат одржан во 1991 година.

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Оро без граници

Традиционално се одржува во рамките на „ДЕТСКАТА НЕДЕЛА“ кон крајот на септември и почетокот на октомври под мотото „ДЕНЕШНОТО ПОЗНАНСТВО, УТРЕШНО ПРИЈАТЕЛСТВО“.

Фестивалот се состои од фестивалското фолклорно дефиле по улиците на градот Скопје и два концерта за отворање и затворање на Фестивалот, и други пропратни концерти во основните училишта и општини во Скопје. Учествуваат неколку ансамбли од странство (5-10) и десетина македонски ансамбли.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)