По трет пат годинава на 12 и 13 јуни 2023 год. се одржа Фестивалот за класичен балет и модерен танц, единствениот од ваков тип кај нас. . Фестивалот е во организација на ЈУ. Детски културен центар – Карпош со поддршка на Градот Скопје.
Фестивалот за класичен балет и модерен танц е референтна точка за сите вљубеници во балтеската уметност и модерниот танц изјавува директорката на установата д-р Билјана Лалчевска Серафимовска.
Фестивалската програма опфати класичен балет и мноштво од современи стилови.
Низ двете фестивалски вечери публиката ќе има можност да проследи најразлични изведби на класичен и модерен балет од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, како и изведбите на балетската секција на Детскиот културен центар – Карпош и балетското студио „Балерина“. Оваа година за прв пат ќе имаме можност да ги проследиме изведбите гости од Конзерваториумот за музика и балет од Љубљана/Словенија и балетското студио Angels од Приштина/Косово. Со соло изведби ќе ни се претстават членови од танцовите студија „Анабела“ од Велес, „Магија“ од Пробиштип и „Денс студио Мак“ од Куманово, како и Јована Зајкова – слободен уметник и Оља Тодоровска.
Оваа година статуетка и признание за животно дело и беше доделена на Татјана Петковска.
Статуетка и признание за развој на балетската уметност добија и Марко Мицов како млад уметник кој својата кариера ја продолжува надвор од границите на нашата држава и ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” State Music and Ballet Education Centar Skopje за безрезервната поддршка која ја даваат на фестивалот.