СНЕЖЕН ГРАД

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Традиционалната детска манифестација „СНЕЖЕН ГРАД и КАРВАН“ 2012 ќе се одржи и годинава во Бунец - Маврово, во термините: „СНЕЖЕН ГРАД“ од 6 до 11.2.2012 година и „СНЕЖЕН КАРВАН“ од 11 до 26.2.2012 година.

Снежниот град ќе го градат деца, ученици од основно школска училишна возраст од повеќе училишта од Скопје и стотона деца од Куманово и Крива Паланка.

Сите тие се екипирани по десетина деца со свој ментор и ќе го изградат својот град кој што на 11.2.2012 година со свечено отворање во 11:00 часот ќе го предадат на посетителите со што почнува вториот дел на манифестацијата „СНЕЖНИОТ КАРВАН“.

Во рамките на манифестацијата се одржуваат и други активности од креативно-рекреативен карактер, ”Снежната квизотека”, избор на снежна убавица, снежен крос, најслатка бонбона, снежно бинго, бал под маски и се разбира забава во диско за учесниците на „СНЕЖНИОТ ГРАД“.

 

2012 SNEZEN GRAD

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

СНЕЖЕН ГРАД, историја

SNEZEN GRAD 400x300„СНЕЖЕН ГРАД“ е најмасовната детска манифестација од државен карактер што се одржува во втората половина на месец февруари во организација и реализација на ЈУ Детски културен центар - „Карпош“.

Оваа манифестација прв пат е одржана во 1969 година. Маниферстацијата е од сложен карактер, креативно - рекреативен и едукативен. Основна цел во оваа манифестација е правење снежни објекти и фигури..

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација