ГАЛЕРИИ |
Со учество на околу 160 деца, на 25.10.2018 год. се одржа шаховски турнир насловен како „Првенство во шах за млади на Град Скопје“. Со темпо на игра од 10 минути за играч плус 5 секунди за потег беа одиграни 9 кола по швајцарски систем, по што беа прогласени по тројца најдобри во три училишни категории и најдобра претставничка на понежниот пол во истата.