Детски културен центар - „Карпош“ и Град Скопје на 1 април 2015 год. (среда) во 11:00 часот кај порта Македонија, ќе организира невидена детска журка, „АПРИЛИЈАДА - СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ“ - 2015, за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани на град Скопје.
Забава со маски, кловнови, балони, песнички, игри, забава со секцијата за модерен балет и фолклорната секција на ДКЦ - „КАРПОШ“, „Златно славејче“, танцови групи од основните училишта од градот Скопје и околината.
Манифестацијата АПРИЛИЈАДА - „Скопје се смее“ 2015 е поддржана од Град Скопје и ќе ја прогласи отворена градоначалникот на градот Скопје, г-дин Коце Трајановски.
Бонус ноќна забава од 21:00 часот, исто така кај порта Македонија со Коста Костовски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Александар Тарабунов, Бетиме Зејали, Биљана Дабеска, групата „НОИСМЕЈКЕРСИ“.
Маскирани посетители ќе продефилираат на сцената. Ќе има и други изненадувања, но да не откриваме сé, а за крај Диџеј БАБУРА. Забава за сите големи деца во Скопје од ДКЦ - „Карпош“ и Град Скопје.
Водител на забавата: Марија Петровска.