ТРЕМОЛО

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

ЈУ Детски Kултурен Центар - „Карпош" со поддршка од Град Скопје од 9 до 12 мај 2019 год. е организатор на меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло". Фестивалот е развиен во културен настан што ги обединува љубителите на класичната гитара, студенти, наставници, не само во Скопје и Р.С Македонија, туку и пошироко.

Со текот на годините фестивалот прерасна во престижен настан кој сведочи за присуството и појавата на сé поголем број светски познати уметници специјализирани за класична гитара, а тоа се одразува на прогресивноста на настанот кој секоја година се надминува. Со успешна реализација на Фестивалот „Тремоло", Детскиот Културен Центар - „Карпош" дава голем стимул и поддршка за развој и промоција на овој вид на уметност во земјата.

Оваа година се навршуваат 10 години јубилеј од постоење на овој престижен фестивал, со надеж дека ќе го достигнеме нивото по примерот на светските фестивали.

TREMOLO 2019

На задоволство на публиката и годинава ќе се одржат три концерти:

  • На 9 мај од 20:00 часот - Свечено отворање - МКЦ (клуб и ресторан),
  • На 10 мај од 20:00 часот - Македонска филхармонија (мала сала),
  • На 11 мај од 20:00 часот - „Културно информативниот центар“ - Салон 19.19,.
  • На 12 мај од 19:00 часот - Свечено затворање на фестивалот и доделување награди - „Културно информативниот центар“ - Салон 19.19..

За победниците се предвидени вредни награди.

Влезот на сите концерти е бесплатен .

Покрај концерти ќе се одржи и интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории и мастер часови.

Оваа година членови на жирито, кои ќе одржат и мастер часови, се прочуените гитаристи:

  • Бојан Ивановски - Србија;
  • Вилијам Џенкс - САД;
  • Никлас Јохансен - Данска;
  • Бошко Радојковиќ - Србија;
  • Столина Добрева - Бугарија;
  • Ерхан Мујка - Косово;
  • Дарко Багески - Република Северна Македонија;
  • Борче Наумоски - Република Северна Македонија.

 


ПРОГРАМА


 

9 мај 2019 (четврток) - Отворање на фестивалот

Бојан Ивановски - Србија

Младински културен центар (клуб и ресторан) од 20:00 часот

 

10 мај 2019 (петок)

Pavel Steidl - Р. Чешка

Македонска филхармонија - мала сала од 20:00 часот

 

11 мај 2019 (сабота)

Niklas Johansen - Данска

Салон 19/19 - КИЦ од 20:00 часот

 

12 мај 2019 (недела)

Свечено затворање на фестивалот и доделување награди

ДКЦ „Карпош“ од 19:00 часот

 


 

Фотографии од манифестацијата можете да погледнете на нашата веб страна на: Галерија - „ТРЕМОЛО“ 2019 ...

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 ТРЕМОЛО

Веб страна на ТРЕМОЛО.


 

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ЗА КЛАСИЧНА ГИТАРА - „ТРЕМОЛО“, историја

LOGO TREMOLO 400x300Треперење, брзо и повеќекратно повторување на ист тон...

Ова е значењето на зборот „тремоло“, кој познавачите на инструменталната музика добро го знаат.

Така е насловен и Меѓународниот фестивал за класична гитара, единствениот од ваков тип кај нас.

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Тремоло

или на веб страната на ТРЕМОЛО.

Mеѓународниот фестивал за класична гитара и натпревар „ТРЕМОЛО“, за прв пат одржан во ноември 2010 година. Се одржува во почетокот на месец јуни и трае три до четири дена.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)