ЈУ. Детскиот културен центар - „Карпош“ под покровителство на Град Скопје по шести пат од 2 септември до 30 септември 2024 година го реализираше проектот - работилници „Кеативно менторство“.
Проектот се состои од размена на знаење и искуство на релација ментор-ученик и се состои од низа предавања и работилници на претходно утврдени теми.
Проектот ,,Креативно менторство” е наменет за деца и млади од 12 - 16 годишна возраст и има за цел да ја сублимира креативноста и креативните потенцијали на младите, како основа за понатамошен раст и развој на ученикот.
Учениците-учесници на овој проект со експерти – ментори низ серија предавања постигнаа повисоко ниво на креативност и инвентивност, а сето тоа се преточи во завршен производ од областа на креативните индустрии. Учениците имаа можност директно да се вклучат во работилниците и предавањата и преку нивна директна ангажираност во полето на културата да ја постигнат посакуваната цел.
Оваа година се одржаа работилници за Инклузивен (универзален) дизајн и Класичен мозаик. Работилниците се одвиваа во ООУ „Ј.Х.Песталоци“ и гимназија „Ѓорѓи Димитров“. На работилниците се пријавија и учествуваа 40 ученици кои имаа можност да ја истакнат својата креативност согласно својот афинитет, односно понудена работилница. Работилницата по „Инклузивен дизајн“ е еден аспект од дизајнерскиот пристап, насочен кон корисниците, кој се занимава со обезбедување еднаква пристапност и употребливост за сите потенцијални корисници. Низ низа предавања и разгледување на позитивни практики од примената на инклузивниот дизајн, чија крајна цел беше учесниците во работилниците да дадат конкретни предлози/дизајни кои можеби во иднина ќе се развијат во реални продукти. Работилницата за класичен мозаик е дел од овој проект кој има за цел да ја подигне свеста кај младите за мозаикот како уметнички занает, културата и традицијата и мозаикот како алатка за развивање на вештините.
Со поддршка на едукаторите кои го дадоа својот максимум во изведба на овие креативни работилници мораме да истакнеме дека младите креативци беа пресреќни од трудот кој го вложија и со голем ентузијазам работеа на работилниците и на крајот со гордост ги претставија своите дела.