ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ
АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

ЈУ. Детски културен центар-Карпош за прв пат има во план да реализира проект со наслов „ЗОО приказни“.

Зоо приказни е едукативен книжевен проект каде пишаниот збор има цел да ја подигне свеста кај децата кои преку приказна би ги запознале животните кои се наоѓаат во нашата Зоолошка градина.

Преку едукативни приказни, ќе им ги доближиме на децата елементите за грижа за животните кои се раритет во ЗОО градина.

                     ZOO PRIKAZNI 800x600

Приказните кои ќе бидат напишани за животните кои се жители во Зоолошката градина ќе можат да служат како наставно средство како во предучалишните установи така и во основните училишта на територијата на Град Скопје.

Проектот „Зоо приказни“ би содржел 6 изданија со по пет приказни за животните, жители на Зоолошката градина-Скопје каде би се одржала и промоцијата на овој проект. Приказните ќе ги читаат деца кои се членови на секциите на ДКЦ Карпош.

Со интересни приказни за животните, за тоа како ги чуваат што јадат, во какви услови живеат, децата и публиката ќе имаат можност да слушнат и да научат од зоонегователите.

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ - „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“, историја

ORO BEZ GRANICI B T 400x300Манифестацијата „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ е меѓународен детски фолклорен фестивал, прв пат одржан во 1991 година.

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Оро без граници

Традиционално се одржува во рамките на „ДЕТСКАТА НЕДЕЛА“ кон крајот на септември и почетокот на октомври под мотото „ДЕНЕШНОТО ПОЗНАНСТВО, УТРЕШНО ПРИЈАТЕЛСТВО“.

Фестивалот се состои од фестивалското фолклорно дефиле по улиците на градот Скопје и два концерта за отворање и затворање на Фестивалот, и други пропратни концерти во основните училишта и општини во Скопје. Учествуваат неколку ансамбли од странство (5-10) и десетина македонски ансамбли.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

 

Локација