Почитувани, во овие услови кога ни е најпотребно смеење, за прв пат na несекојдневен начин ќе ја организираме градската „АПРИЛИЈАДА“.
Ве покануваме да ни се придружите на Facebook страната на ДКЦ - „Карпош“ каде што настанот ќе се одржи со live stream во среда, на 1.4.2020, со почеток во 12 часот.
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  
 ДЕТСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР - „КАРПОШ“ во среда, 1.4.2020, почеток во 12 часот.



																															
					
„АПРИЛИЈАДА“ е манифестација од ликовен и сценско забавен карактер што Детскиот културен центар - „Карпош“ со помош и поддршка на Град Скопје ја организира и спроведува секоја година на 1 април по повод денот на шегата, смеата и лагата, под мотото „Скопје се смее“.
