АПРИЛИЈАДА

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Детски културен центар - „Карпош“ и Град Скопје на 1 април 2013 год. (понеделник) во 11:00 часот на плоштад Македонија, ќе ја организира манифестацијата од ликовен и сценско забавен карактер „АПРИЛИЈАДА - СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ“ - 2013, која се одржува по повод денот на шегата и лагата.

Манифестацијата прв пат е одржана 2008 година. Во рамките на манифестацијата се приредува изложба на детски шеговити цртежи, маски и карикатури. Манифестацијата се одржува на плоштад Македонија и има два дела, детски дневен дел и вечерен дел за граѓаните на Скопје.

Се приредува пригодна културно забавна програма со познати учесници од естрадата и деца со песни од детските фестивали како и претставување и наградување на најуспешните индивидуални и групни маски.

На 1 април 2013 год. (понеделник) во 11:00 часот, на плоштад Македонија, Ве очекува невидена детска журка наменета за сите училишта, градинки и деца на градот Скопје, забава со маски, кловнови, балони, песнички, игри, забава со фолклорната секција на ДКЦ - „КАРПОШ“, „Златно славејче“, танцови групи од основните училишта од градот Скопје и околината.

Бонус ноќна забава од 21:00 часот, на плоштад Македонија со Роберт Билбилов, Александар Митевски, Симона Поповска, Мустафа Имери, Ребис.

Маскирани посетители ќе продефилираат на сцената. Ќе има и други изненадувања, но да не откриваме сé, а за крај Диџеј БАБУРА. Забава за сите големи деца во Скопје од ДКЦ - „Карпош“ и Град Скопје.

Водители на забавата: Марија Петровска и Кирил Поп Христов.

 

APRILIJADA 2013 800x600

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

АПРИЛИЈАДА - „СКОПЈЕ СЕ СМЕЕ“

APRILIJADA 400x300„АПРИЛИЈАДА“ е манифестација од ликовен и сценско забавен карактер што Детскиот културен центар - „Карпош“ со помош и поддршка на Град Скопје ја организира и спроведува секоја година на 1 април по повод денот на шегата, смеата и лагата, под мотото „Скопје се смее“.

Оваа манифестација прв пат е одржана во 2008 година.

Во рамките на манифестацијата се приредува изложба на детски шеговити цртежи, маски и карикатури.

Манифестацијата се одржува на плоштад Македонија и има два дела, детски дневен и вечерен за граѓаните на Скопје.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација