ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ и оваа година поради Пандемијата од Ковид 19, како и минатата година, манифестацијата „ЦРТАЊЕ НА АСФАЛТ“ - 2021, ќе ја реализира онлајн.
Градинките од Скопје испратија фотографии и видеа, кои потоа беа склопени во видео материјал, а сите вие ќе може да го погледнете видеото на 24 мај точно во 13:00 часот.
Оваа манифестација е традиционална, трае повеќе од 30 години, а ДКЦ - „Карпош“ ја организира по повод 24 мај денот на македонските и сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј и нивниот голем придонес за ширење на писменоста.
И оваа година децата нацртаа убави, весели и креативни цртежи по слободен избор и преку цртежите ја изразија својата креативност и фантазија.
Цртежите беа нацртани со креди во дворот на нивните градинки.
Уживајте во прекрасните творби нацртани од рачињата на најмалите .