Во склоп на Европската недела на движењето што се одржува од 16 до 22.9 2018 год., спортскиот оддел при Детскиот културен центар - „Карпош“ во соработка и поддржано од Град Скопје ќе ја организира манифестација под мотото „Движи се за здравје“.
Целта на оваа манифестација е да се потсетиме кога вежбањето беше забавно.
Тоа може повторно да биде така доколку ни се придружите нам и на милион останати низ Европа во „НЕДЕЛАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ“. Низ целата „недела на движењето“ ќе ја откриете чистата забава во трчањето, скокањето, качувањето и танцувањето додека сите сме активни заедно.

ММанифестацијата е од забавно рекреативен карактер и подразбира вежби за подобрување на моторичкиот развој кај децата од рана предучилишна возраст.
Од секоја градинка од Скопје и околината ќе учествуваат по пет момчиња и пет девојчиња од најголемата група, а на манифестацијата ќе има вежби и со велосипед или тротинет.
Манифестацијата ќе се одржи по петти пат на 21.9.2018 год. (петок) со почеток во 10:00 часот на платото пред фонтаната Лотос во градскиот парк.



																															
					
Манифестацијата „ДВИЖИ СЕ ЗА ЗДРАВЈЕ“ традиционално се одржува во склоп на „Европската недела на движењето“ од 16 до 22 септември секоја година.
