Во склоп на Европската недела на движењето што се одржува од 21 до 27.9 2015 год., Федерацијата за рекретивен спорт и спортскиот оддел при Детскиот културен центар - „Карпош“,со поддршка на ISCA (international sport and culture asociation) од Данска и Агенцијата за млади и спорт ќе организираат забавно рекреативни игри под мотото „ДВИЖИ СЕ ЗА ЗДРАВЈЕ“.
Целта на оваа манифестација е да се потсетиме кога вежбањето беше забавно.
Тоа може повторно да биде така доколку ни се придружите нам и на милион останати низ Европа во „НЕДЕЛАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ“. Низ целата „недела на движењето“ ќе ја откриете чистата забава во трчањето, скокањето, качувањето и танцувањето додека сите сме активни заедно.
Манифестацијата ќе се одржи на 23.9.2015 год. (среда) со почеток во 10:30 часот на плочникот пред споменикот на Гоце Делчев во Градски парк во Скопје. Проектот е наменет за мали и поголеми деца.
Ќе учествиваат деца членови од ликовната, танцовата и фолклорната секција при ДКЦ - „Карпош“ и деца од предучилишна возраст од градинките од Скопје и околината.