Детскиот културен центар ,,Карпош“ и оваа година по втор пат ја организираше манифестацијата „Движи се за здравје“.
Манифестацијата се организираше во склоп на Европската недела на мобилност со разни активности од забавно рекреативен карактер кои подразбираат вежби за правилен развој на моторичките способности кај децата од предучилишна. Целта на оваа манифестација беше формирање на здрави животни навики и правилно развивање на моториката кај најмалите, децата од скопските градинки.
Манифестацијата се одржа по втор пат на 22.09.2016год. на пред платото фонтаната Лотос во градскиот парк со почеток од 10:00 часот до 11.00 часот.