Одделот за спорт и рекреација при Детскиот културен центар ,,Карпош“ и оваа година по осми пат ја организираше манифестацијата „Движи се за здравје“.
Манифестацијата се организираше во склоп на Европската недела на мобилност со разни активности од забавно рекреативен карактер кои подразбираат вежби за правилен развој на моторичките способности кај децата од предучилишна и училишна возраст. Се возеа велосипеди и тротинети на соодветно поставените полигони.
Целта на оваа манифестација беше формирање на здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативни форми на мобилност бидејќи возењето велосипед е здрава навика која позитивно влијае на здравјето на луѓето, ја заштитува околината и ја намалува емисијата на гасови.
Манифестацијата се одржа по осми пат на 21.09.2022 година пред платото на фонтаната Лотос во градскиот парк со почеток од 10:00 часот до 11.00 часот.