Од 16 до 22 септември 2024 година започна Европската недела на мобилност, каде ЈУ. Детски културен центар – Карпош секоја година традиционално ја дава својата поддршка преку реализација на манифестацијата „Движи се за здравје“.
Оваа година на манифестацијата учествуваа, спортуваа и се забавуваа деца од 17 градинки од Градот Скопје.
Целта на оваа манифестација е да се потсетиме дека вежбањето е еден од главните фактори за правилен раст и развој на децата, како и за подобрување на моторичкиот развој уште од рана предучилишна возраст. 
Децата преку вежбањето и движењата, ја открија брзината и вештината на поминување на поставените полигони, возењето велосипед, тротинет и други спортски активности кои ги подготвивме за нив.

Манифестацијата „Движи се за здравје“ се реализираше по 10-ти пат на 16 септември со почеток од 10.00 часот на Фонтана Лотус. 
Во реализацијата учествуваа и студенти од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.



																															
					
Манифестацијата „ДВИЖИ СЕ ЗА ЗДРАВЈЕ“ традиционално се одржува во склоп на „Европската недела на движењето“ од 16 до 22 септември секоја година.
