Од 5 до 7 јуни 2021 година во градско Kино Mилениум се реализираше првото издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц во организација на Детскиот културен центар - „Карпош“.
На отварањето на фестивалот имавме можност да споделиме сеќавања со доајенките на македонскиот балет, првата прима балерина, Натка Пенушлиска Митревска и нашата позната балетска критичарка и солистка при македонскиот балет Емилија Џипунова.
Овие две доајенки се многу значајни за нашата институција, затоа што првите чекори од балетот се направени токму во нашата институција далечната 1946 година и точно со нив почнува да се развива балетската уметност.
На сцената можевме да видиме плејада од танцови уметници, студија и балетски групи, а на наше големо задоволство на фестивалот учествуваше и средното балетско училиште Илија Николовски Луј, и балерините од Националната опера и балет кои го изведоа Болеро во кореографија на Саша Евтимова.
Публиката имаше можност да ужива три фестивалски вечери и строго беа почитувани протоколите и мерките за заштита од Ковид 19. Настанот беше објавен од многу медиуми и побуди интерес кај пошироката публика.
Сеуште сме под силни импресии од првиот фестивал за класичен балет и модерен танц, кој е единствен од овој тип во градот.