ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ со поддршка на Град Скопје и Министерство за култура на РС. Македонија и оваа година го реализираше единствен кај нас „Фестивалот на класичен балет и модерен танц“. Љубителите на балетската уметност и модерниот танц на 07 и 08 јуни 2024 година, во Македонскиот народен театар-МНТ, можеа да уживаат во реализацијата на четвртото издание на овој фестивал кој во две вечери со прекрасни танци на класичен балет и модерен танц, ја крена публиката на нозе.
Оваа година првата вечер од фестивалот беше посветен на Елисавета Кушовска, која за постигнати успеси во негување на млади балетски кадри и заслуги во педагошката дејност ДКЦ Карпош и додели награда за животно дело. Фестивалот го отвори Директорката на карпош, д-р Билјана Лалчевска Серафимовска, а потоа публиката ги следеше настапите на учениците од балетскиот оддел од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и балетските точки изведени од членовите на Национална Опера и Балет.
Втората фестивалска започна со перформанс изведен од малите балерини од балетската секција на Детскиот културен центар – Карпош и настап на балетското студио „Балерина“ на уметничкиот директор на фестивалот Маја Каревска. Оваа година публиката имаше можност да ги проследи соло изведбите на гости од Турција, Нисан Булук и Мила Томбулоглу, како и гостинката од Иран, Сахра Корасани. Во продолжение следеа настапи на учениците од балетскиот оддел од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и „Денс студио Мак“ од Куманово. Фестивалот на класичен и модерен танц оваа година му додели признание како голем поттик на младиот уметник Анди Исмаили кој е неколкукратен светски првак во модерен танц.