Распеани детски хорчиња - Детски градски хор „ГЛАСОТ НА ДЕЦАТА НА СКОПЈЕ“ е создаден за деца и млади кои поседуваат исклучителен талент по соло и хорско пеење.
Преку аудиции во текот на годината се собраа талентирани деца за солисти, а истовремено се формираше и хор.
Солистите и хорот настапија на повеќе манифестации што ги организира ДКЦ „Карпош“, како што се Априлијада, ЗОО Азбука, Оро без граници, каде имаше промоција на химната за манифестацијата „Оро без граници“.

Крајниот продукт, ЦД -то со 10 песни со наслов „Хорски песни за деца“, беше премиерно промовиран на манифестацијата „Го градам мојот град“ каде хорот, премиерно со снимен материјал како ексклузива го промовираа и спотот за песната „На Скопје со љубов“ наменет за празникот 13 Ноември која очекуваме да стане хит и насекаде да се изведува на овој празник
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:
ГЛАСОТ НА ДЕЦАТА НА СКОПЈЕ


Колективното или хорско пеење има длабоки корени во историјата на човештвото. За него дознаваме посредно, со помош на компаративната музикологија. Преку хорското детско пеење се добива синкретички карактеристики - поврзување со игра и движења кај децата која има исклучително функционална улога, за развој на здрави личности.
