На 7.10.2020 година во дворот на ЈУ Детски културен центар - „Карпош“, се реализираше промоција на новото ЦД со нови детски хорски песни во изведба на детскиот градски хор „ГЛАСОТ НА ДЕЦАТА НА СКОПЈЕ“.
На интерактивен начин, со вметнување на драмски секвенци, децата од хорот ја промовираа секоја песна, пропратена со кореографија.
Присуствуваше ограничен број на публика и се постапуваше согласно протоколот донесен од страна на установата. Беа запазени сите превентивни мерки за заштита од Ковид 19.

Уште едно ЦД и уште еден доказ дека децата ја сакаат хорската музика и овој детски градски хор е вистинско освежување на детската музичка сцена.
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:
ГЛАСОТ НА ДЕЦАТА НА СКОПЈЕ


Колективното или хорско пеење има длабоки корени во историјата на човештвото. За него дознаваме посредно, со помош на компаративната музикологија. Преку хорското детско пеење се добива синкретички карактеристики - поврзување со игра и движења кај децата која има исклучително функционална улога, за развој на здрави личности.
